Пред речиси десет години, еден детаљ од АТП турнирот во Рио де Жанеиро го обиколи светот, а се работи за девојката која го привлече вниманието на Рафаел Надал.
Стануваше збор за собирачката на топки Фернанда Маја Карели, која за време на осминафиналните дуели на Надал имаше задача да стои до клупата на Рафа и да му помага.
На интернет брзо се раширија видеа на кои Надал се обидува суптилно да ја погледне 26-годишната Бразилка за време на тие дуели, што не му одеше од рака.
Убавата Фернанда потоа се најде во центарот на спортската јавност, а својата популарност ја искористи на најдобар можен начин.
Таа стана водителка на каналот SBT Esporte Rio, коментаторка на De Primeira Radio MixFM и официјален најавувач на стадионот на нејзиниот сакан тим Ботафого „Нилтон Сантос“.
Таа се омажи за личниот тренер Џуниор Карели и ја роди ќерката Роберта во 2018 година.
Она што е особено интересно е името што го даде на второто дете. Девојчето кое е родено во 2021 година го доби името по Надал и се вика Рафаела.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.