Една од најпознатите млади турски актерки, Мелиса Донгел, на публиката и е најпозната од сериите „Тропни на мојата врата“, „Наша приказна“ и „Елиф“. Денес, оваа 23-годишна девојка ужива слава, успех и добар живот, но не беше секогаш така – имаше многу трауматично, тешко детство.
Во јули 2021 година, Мелиса покрена правна постапка против нејзиниот татко и почна да го презема старателството над нејзината помлада, тогаш 17-годишна сестра. Причината зад се е прилично шокантна – имено, актерката како тинејџерка била жртва на сексуална злоупотреба од страна на нејзиниот татко, а сакала нејзината сестра да не ја доживее истата судбина.
„Уморна сум од животот во кој се преправам како ништо да не се случило. Едвај го преживеав детството. Мајка ми не ми веруваше. Ми рече: „Не оди во полиција, ќе го затворат татко ти. потоа ќе го ослободат, а тој ќе те убие“, ја откри тажната вистина познатата убавица.
Мајката на Мелиса навистина јавно призна дека не верува во тврдењата на нејзината ќерка: „Ќерка ми пред две години ми кажа дека татко и ја малтретирал, но јас не верував бидејќи не го видов тоа.
Таа доби огромна поддршка од турската јавност, па дури и беше отворен хаштагот #MelisaDöngelYalnızDeğildir (Мелиса Донгел не е сама). Но, тоа не го промени минатото – оваа Турчинка со години одела на психотерапија за да се справи со траумата.
“Во куќата секогаш имаше насилство. Не удираше и ни шамараше за секоја ситница. Ми ја скрши раката само затоа што отидов во парк со другарка ми”, рекла Мелиса и додала дека малтретирањето започнало во средно училиште, но дека не можела претходно.да реагира и да каже што се случува од страв.
“Не можев да кажам бидејќи татко ми постојано ми се закануваше дека ќе ја заврши мојата актерска кариера и дека нема да ме пушти на училиште. Дури се обидов да се самоубијам. Не се сеќавам колку пати бев хоспитализирана. Тогаш јас се покајав и се запрашав: „Зошто си го правам тоа себеси?“ Но, не можев да се воздржам“, изјавила актерката.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.