Учениците убиени во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, како и чуварот ќе бидат погребани утре, 6-ти мај.
Србија и Балканот се завиени во црно! 13-годишно дете изврши еден од најголемите масакри во понова историја.
Oсум деца и еден чувар се убиени во пукањето што се случи завчера во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Убиени се А.Б., Б.А., С.Н., нивните тела се пронајдени во училишниот хол, заедно со телото на обезбедувачот Драган Влаховиќ.
Во училницата на приземјето, клас 7/2, чиј ученик е осомничениот се убиени А.Д., К.М., М.А., Е.К и А.Ч.
Убиените деца се родени во 2009-та и 2011-та година.
Жртвите се седум девојчиња и едно момче, меѓу кои и еден француски државјанин.