Најчевска до Макрадули: Ма не ме зезај и не не потценуваj!

На изјавата на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули кој изјави дека вчерашните огнови се причина за големото загадување во градот изреагира професорката Мирјана Најчевска преку својот Фејсбук профил.
Ма не ме зезај.
Тоа што еднаш годишно ќе се запалат огнови на отворено за да се чествува стариот пагански обичај на поздрав на сонцето е доказ од каде доаѓа загадувањето.
Дај бре не не потценувај.
Не загадува Цементара ни Железара ни стотина мали фабрикчиња без филтри ни 1000 каменоломи ни Отворените градежни објекти ни отворените депонии кои горат ни запалените контејнери ни старите автобуси и камиони и автомобили ни електраните на јаглен ни градежната мафија која ги исече сите дрвја. Не. Бадниковите огни ти се научен доказ за изворот на загадување.
Дај бре гони се.
Навистина заслужуваме на чело на ова министерство да застане човек кој има појма од заштитата на животната средина и заслужуваме да почне да се користи науката во креирањето на политиките, а не кафанските муабети – стои во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.