Најчевска до Мицкоски: Креле бре, ти си одговорен пред пратениците не пратениците пред тебе!

Мицковски од собраниска говорница: “За другите детали нема да зборувам се надевам дека ќе има и други пратенички прашања, собраниски седници, се надевам дека ќе ме почестат со нивното присуство.“

Мисли на пратениците од Левица да го почестат со нивното присуство.

Креле бре, ти си одговорен пред пратениците не тие пред тебе.

Нема што ти да ги повикуваш на присуство и престани да ја злоупотребуваш говорницата на Собранието и да го деградираш уште повеќе (ако е тоа воопшто можно во моментов).

Дајте бре крелци научете што е законодавна а што е извршна власт.

Кој пред кого одговара.

И дајте бре граѓани избирајте за пратеници луѓе а не стока која пасе трева и од време на време мука.

Пронајдете не на следниве мрежи: