Најчевска: На кое кршење на правото се спротивставила Гордана Силјановска во изминативе 25 години?

На кое кршење на правото се спротиставила Гордана Силјановска во изминативе 25 години?
На употребата на војска против цивили?
На законот за абортус?
На Скопје 2014?
На уништувањето на стечајците и внатрешно раселените лица?
На менувањето на Законот за работните односи?
На полициската бруталност?
На партизацијата на администрацијата и судтвото?
На затворањето на медиумите?
На урбаната мафија?
На непотизмот на Правниот факултет?
На малверзациите на Правниот факултет со цел делење енормно високи плати?
На мешањето на црквата и државата?
На заканите кон невладините организации?
На тепањето на пратениците?
Еве, нека каже.
Врз основа на што би требало да градиме верба дека од позиција на претседател на државата ќе се бори за владеење на правото кога како професионалец и професор тоа не го направила.
И јас еве можам да ветам дека доколку ме изберат за претседател ќе ја направам Северна Македонија најмоќна држава и ќе испратиме прва ракета со луѓе на Марс.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.