Најчести грешки кои се прават при протеинските диети

Протеинските диети во последниве години се едни од најприменуваните режими на исхрана, а интересот за нив сè повеќе и повеќе расте.
Протеините се важна градбена супстанца во речиси секој орган од телото, а добро влијаат и врз косата, коските, кожата и т.н.
Но, многу луѓе не ги добиваат посакуваните резултати бидејќи од самиот старт прават помали или поголеми грешки:
1. Избираат нездрави извори на протеини
Не е само да се внесе потребната количина на протеини, туку важна е и храната. Секако, протеини има и во колбасите и во сланината, но сигурно дека не се здрав избор како што се телешкото, пилешкото или рибата.


Користете домашни млечни производи или такви кои ви се со познато потекло, јајца и секако, растителни протеини.
2. Забораваат дека има растителни протеини
Кога почнуваат протеинска диета, многу луѓе претеруваат со внесот на месо и риба. Она на што забораваат е дека има и растителни протеини, кои се дури и уште подобри отколку животинските, бидејќи имаат и растителни влакна, витамини и минерали.
Растителни протеини има во гравот, мешунките, семињата и печурките, а секои од нив носат со себе уште повеќе нутритиенти за здрав живот.


3. Претеруваат со изедената количина
Протеинска диета не значи дека треба да се прејадувате со храна богата со протеини. Тоа може да има дури и спротивен ефект и да се складира како масти во телото или да ја наруши работата на бубрезите, што е сериозна здравствена закана.
4. Не пијат доволно вода
Без разлика на хемиската реакција што се случува во вашето тело по внесот на протеини, не заборавајте да пиете вода, бидејќи сега ви е потребна повеќе отколку во периодот на вообичаена исхрана.
Обрнете внимание на внесот на водата доколку сте физички активни. Без оглед на сè, останете хидратирани.


5. Ја исфрлаат другата храна
Протеинска диета не значи дека треба да се фрлите само на месо, туку дека треба да го комбинирате и со зеленчук и житарици. Мастите, витамините, минералите и другите хранливи состојки се клучни за функционирањето на вашето тело.
Консултирајте се со нутриционистот во кој сооднос треба да ги комбинирате овие намирници.
6. Не вежбаат
Вежбањето и протеините можат да бидат одлични сојузници во корист на вашето тело. Затоа, откако ќе се навикнете на новиот начин на исхрана, вратете се и на вообичаеното темпо на вежбање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.