По напорниот тренингот сè што не треба да направите е – да го уништите напорниот тренинг. Затоа внимавајте на овие вообичаени грешки и спасете се од двоен тренинг.
Сте се натерале најмалку три пати неделно да ја посетите салата, но што е со другите 23 часа во кои ќе се соочите со различни искушенија? Исто како да не сте се помрднале од каучот. Затоа прочитајте ги најчестите грешки кои дефинитивно треба да се избегнат.
Непотребно пиење на спортски пијалаци
Ако не сте се потеле најмалку еден час, нема потреба да внесувате спортски пијалоци. Потребата за замена на електролити се случува само кога вашето тело ќе изгуби премногу течност. Со редовен тренинг и нормално потење нема потреба за пиење засладени пијалоци кои ќе предизвикаат несакани резултати – нема да се чувствувате задоволни, и нема да знаете зошто резултатите се уште не се видливи.
Не бидете алчни
По напорниот тренинг вашето тело ќе бара голем оброк. Нормално е да се чувствувате гладни, бидејќи сте потрошиле голема сума на калории, но тоа не значи дека треба јадете брза храна. Згответе здрава ужинка. Најважно е да ги храните вашите мускули за време од 15 минути до два часа по тренингот.
Бидете умерени
Ако добиете покана после фитнес да прошетате со пријателите (а тоа вклучува пиење висококалорични пијалоци), размислете двапати. Сетете се колку напор и пот инвестиравте, за сега сето тоа да го уништите. Ве потсетуваме дека летото е близу и вие ќе треба да се соблечете по бикини, па немојте да жалите за сите погрешни потези.
А што кога ќе падне мрак?
Сте пристигнале дома од кино или културен настан и би требало да одите на спиење. Но нешто ве влече кон фрижидерот затоа што почувствувавте потреба за храна. Но само ако сте премногу гладни можете да изедете некој здрав залак. Мислите дека ќе биде тешко да се храните само со еден мал залак?! Се лажете. Ако сварите јајце или исецкате целер и го потопите со јогурт, нема да погрешите. Ама ако јадете тестенини, можете слободно да му кажете Bye-bye на интензивниот тренинг. Важно е да не се прејадувате пред спиење бидејќи вашиот стомак цела ноќ треба да ја вари храната, а вие нема да се наспиете доволно.
Наспијте се
Откако сте јаделе здрав оброк, време е за одмор. Сонот не е потребен само да се задржи вашето тело одморено, туку тогаш се произведува хормон за раст, кој ги обновува и зајакнува мускулите. Добриот сон е клучниот чекор во вашата трансформација.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.По напорниот тренингот сè што не треба да направите е – да го уништите напорниот тренинг. Затоа внимавајт