Има многу причини причини поради кои браковите завршуваат, а главно жените се тие кои ја започнуваат приказната за развод и се свртуваат кон подобра иднина. Но, ни мажите не се имуни на многу проблеми со кои се сретнуваат во бракот, на многу проблеми со кои се соочуваат во бракот, а ова се најважните поради кои доаѓа до развод.
Престана да биде забавно
Кога се запознавте бевте млади и безгрижни. Но секој кој има дете знае дека грижите започнуваат со родителската одговорност. Но тажно е кога партнерот не е поготвен да работи на тоа да ја врати магијата во односот.
Сексот е редок и рутински
Нема човек које во брак, а да на се пожалил на тој проблем. Секоја обврска исцрпува па сексот е последна работа која ви паѓа на памет по напорниот ден. Не мора да значи дека тоа е исправно, но е така. Дали тоа е вистинска причина за развод. Не е решение да се биде во брак во кој нема секс, но можете да испланирате нешто романтично, да избегате на викенд од обврските и да ја вратите страста.
Мажот веќе не е на прво место
Нормално дека не е, кога децата се присутни. Тој не може да се помири со фактот дека вашиот живот повеќе не се врти околу неговите потреби. Разговарајте и издвојте моменти за вас, водете љубов, а потоа искрено разговарајте.
Нема почитување
По сите заеднички години, не ве гледа како самостојна, независна и жена со самодоверба. Вашата самодоверба исчезнала откако не сте успеале да ја вратите линијата по породувањето, а семејството ви е поважно од кариерата. На крајот на краиштата кој не се променил во последните 15 години. И тој се променил, ама не гледа!
Товар и приговарање
За жал приговорите и сопките во бракот често можат да станат секојдневие.Вам ви е потребна помош, а тој не ви ја дава.И на крај вие сте мрчало кое e постојано незадоволно. Искрената комуникација е единствен начин да ги решите проблемите.