Најчесто нè привлекуваат луѓе кои наликуваат на нас

Веројатно веќе сте ја слушнале изреката „Спротивностите се привлекуваат“. Но зошто тогаш толку многу парови физички наликуваат едни на други? Ова не значи дека луѓето се копии на нивните партнери, но често се случува и двајцата да имаат руса коса или иста боја на очите.
Истражување: Најчесто нè привлекуваат луѓе кои наликуваат на нас
Изгледа оваа изрека паѓа во вода, бидејќи науката тврди дека најмногу нè привлекуваат луѓе кои личат на нас, или уште поинтересно, луѓе кои наликуваат на нашите родители.


Испитаниците кои учествувале во истражувањето имале задача да оценат колку ги привлекуваат луѓето што ги гледале на фотографиите. На едната фотографија им покажувале личност чие лице било компјутерски направена комбинација од двајца странци. На другата фотографија испитаниците гледале лице на странец комбинирано со нивното. Во поголемиот број случаи, испитаниците ја одбирале фотографијата која била комбинација од нивното лице и лицето на странец.
Се користеле и податоци од веб-сајтови за онлајн состанување и се открило дека повеќето луѓе сакаат личност со слични интереси и образование, но и со сличен физички изглед.
Психологот доктор Џереми Николосон објаснил дека сепак сакаме да се дружиме со луѓе кои физички наликуваат на нас.
„Сличноста помага во создавањето чувство на блискост, па полесно стекнуваме доверба во овие луѓе.“
Но овде не станува збор само за површинско одбирање во зависност од изгледот. На повеќето луѓе не им е јасно дека наликуваат на нивниот партнер, па го одбираат на основа на чувствата и поврзаноста.
Експертите сметаат дека не станува збор за логички процес при кој бараме луѓе кои наликуваат нас, туку потсвесно ја бараме компатибилноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.