Најчест фактор зошто поретко имате секс

Почетокот на врската обично е највозбудлив, но со тек на време повеќето двојки влегуваат во рутина што може да резултира со монотонија и сѐ поредок секс.

Истражувањето на институтот „Кинси“ се фокусираше на тоа како годините и перцепирањето на возраста влијае на редовноста на сексуалните односи и заклучокот на научниците е дека токму таа перцепција е најважен фактор во тоа колку често имате секс.

Во истражувањето што траело 10 години биле следени 1.200 средовечни и постари испитаници кои одговарале на прашања поврзани не само на редовноста и квалитетот на сексуалниот живот, туку и за нивното интересирање за сексот.

Еден фактор се покажал како клучен: голем дел од испитаниците се чувствувале постари или помлади од нивните години. Резултатите биле очигледни: сѐ е до перцепцијата и ставот.

Луѓето кои се чувствувале постари од нивната вистинска возраст помалку биле заинтересирани за секс и зза квалитетот на нивните сексуални односи, ако воопшто ги имале, иако имале партнер.

До крајот на еднодецениското истражување, оние кои се перцепирале како „стари“ имале сѐ помалку и помалку секс, а оние кои рекле дека се чувтвуваат (по)млади, имале повеќе и поквалитетен секс со тек на време.

Покрај влијанието врз сексуалниот живот, перцепцијата дека се млади позитивно им влијаела на овие луѓе и во други аспекти од животот, а се покажало дека има поврзаност и со подолг животен век.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.