Наќе Чулев најави истрага за приведувањето на дечкото со куче

Откако на социјалните мрежи се појави видео како полицајци во цивил приведуваат момче со куче во полициско комбе, наводно бидејќи излегло 20 минути пред предвиденото време, се јави министерот Наќа Чулев со најава дека случајот се испитува и дека се утврдува законитоста на постапувањето на полицајците.
-Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа “Facebook” се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните.
Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници и за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста.
Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот, стои во реакцијата на Чулев.
Граѓаните реагираа на селективност и ригидност, посочувајќи на настанот во Сингелиќ,на играчите на оро во Гевгелија, на литургијата во манатстирот Јован Бигорски, а се споменува и советник на Чулев кој се возел со полициски службеници во Тетово за време на полициски час, а не е санкциониран. Реакција имаше и на фактот дека полицајците самите не носат маски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.