Наќе Чулев на Влада гласал за првомајските празници да има полициски час.
Наќе Чулев, во интервју на ТВ24, тврдеше дека на седницата на Владата предложил за време на викендот да нема целосен полициски час, затоа што „кај граѓаните постоело повисока свесност за лична заштита против ширењето на заразата“.
Исто така, рече оти „психолошкиот притисок бил енормно зголемен врз граѓаните, полицијата е секојдневно со граѓаните и забележана е енормна агресивност кај нив. Што значи дека оваа ситуација се одразува врз психо-физичкото здравје врз граѓаните“. Ова било аргумент да се олабават мерките на карантин.
Но, сепак се чини поинаква била работата. Кога се гласало Наќе гласал поинаку. Повеќе портали кои се брифирани од владини извори објавија дека Наќе едно зборел а друго правел. Досега од негова страна нема демант.
Состојбата ќе остане ваква се додека нема јавно објавени стенограми за седниците на Владата и граѓаните да можат сами во време на интернет комуникации да си се информираат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.