На автобуска постојка во Скопје почина жена

Вчера на 06.04.2019 година во 09:30 часот во Полициската станица Центар од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на автобуската постојка на булеварот “ВМРО“ во Скопје,  при интервенција на повик е најдено женско лице на кое му се слошило и паднало. Била констатирана смрт без траги на насилство.
На местото на настанот излегле полициски службеници  и утврдено е дека починатата е Б.Д.А.(67) од Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.

Пронајдете не на следниве мрежи: