На Арктикот исчезнаа санти мраз стари 5.000 години

Нови сателитски слики од НАСА покажаа дека две големи санти мраз во канадскиот залив на Сент Патрик целосно исчезнале.
Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата 1,1 милја и тие од 1959 година се намалувале поради глобалното затоплување.


Научниците проценуваат дека сантите се формирале пред околу 5.000 години и дека биле значително поголеми од 16 до 19 век, во периодот познат како „Мало ледено доба“, јави Си-Ен-Ен.
Од 2015 година тие две санти почнаа да се топат брзо, па сигурно беше дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој се уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку што очекувале.
– Едноставно, премногу е топло на Земјата, изјави Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.