На аукција продадени три стана на Мијалков на Водно

Три стана на Водно и гаража кои припаѓаа на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, беа продадени на аукција што ја споведе Агенцијата за управување со одземен имот.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на …

Директорот на агенцијата, Дритон Небиу, објасни дека се работи за недвижнини кои со правосилна судска пресуда беа одземени од Сашо Мијалков. Поточно, на денешното наддавање, продадени беа три стана на Водно, од кои еден од 78 метри квадратни, два од 73 и гаража од 30 метри квадратни.

„За недвижнините имаше наддавање и заврши успешно. Согласно постигнатите вредности, во државниот буџет ќе бидат уплатени парични средства кои беа одземени од граѓаните и ќе бидат повратени во вкупна вредност од 332.276 евра“, рече Небиу.

За истиот предмет наредната недела ќе биде спроведено уште едно јавно наддавање, најави тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.