На Граничниот премин „Долно Блаце“ вчера бил приведен арачиновец баран од Интерпол.
„Вчера во 17.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Р.(29) од село Арачиново, скопско, поради тоа што при извршена гранична контрола и проверка во оперативна евиденција евидирал со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје“, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка.