На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

На граничните премини Богородица и Табановце има зголемена фреквенција на возила и чекање до 30 минути. На останатите гранични премини премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.