На “Богородица“ и “Табановце“ се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини “Богородица“ и “Табановце“ се чека до 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Поради градежни активности на наплатната станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово, денеска има променет режим на сообраќај.
Изменет сообраќаен режим има и на крстосницата Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.