На “Богородица“ се чека до 20, на “Табановце“ до 30 минути

На граничниот премин “Богородица“ за влез и излез од државава се чека од 10 до 20 минути, додека на ГП “Табановце“ од 20 до 30 минути.
Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничните премини “Богородица“ и “Табановце“.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од Виадукт Трејд известуваваат дека од 10 септември 2019 година ќе се започнат со изведување градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.