Поради снимање филм на дел од булеварот “Илинден“ сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, информира МВР. Посебниот сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и утре од 21 до 6 часот на булеварот “Илинден” во близина на Градскиот поради снимање филм во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ” ДОО Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.