На Вељаноски не му е симнат имунитетот

Со четири гласа „за“ и четири „против“ собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја заврши расправата за имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски, пишува “Фокус“.
-Тоа не значи дека е одбиено и не значи дека се препорачува негово прифаќање. Оваа тема на расправа ќе биде пренесена за одлучување на пленарната седница како што секогаш се прави. На крајот на денот за имунитетот не одлучува Комисијата, туку Собранието во целина. Тоа што нема одлука не значи ниту дека ќе биде прифатено ниту дека ќе биде одбиено барањето за одземање на имунитетот, рече Богоевски.
Според него пратеникот на ДУИ кој не беше присутен на денешната расправа поради што се овозможи еднаков број на гласови „за“ и „против“, отсуствувал поради здравствени причини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.