На владина седница донесени заклучоци за состојбата во хируршките клиники, информира заменик-министерката Манолева



Според усвоените заклучоци, како што објави Манолева, Владата им укажува на јавните здравствени установи, клиники, Заводот и Ургентниот центар да ја заменат опремата на централната компресорска станица со нова. Се укажува и на замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица

Владата на денешната седница усвои информација и донесе неколку заклучоци за состојбата во хируршките клиники при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје во однос на проблемот со компресорската станица, информира попладнево заменик-министерката за здравство, Маја Манолева, преку писмено соопштение.

Maja Mанолева, заменик-министерка за здравство

Според усвоените заклучоци, како што објави Манолева, Владата им укажува на јавните здравствени установи, клиники, Заводот и Ургентниот центар да ја заменат опремата на централната компресорска станица со нова. Се укажува и на замена на инсталацијата и дислокација на централната компресорска станица.

За ова, јавните здравствени установи ќе имаат рок од една недела до Владата да достават оперативен план за спроведување на активностите.

Во понеделникот, Манолева донесе наредба сите хируршки клиники во Клиничкиот центар во операционите сали да почнат со работа со користење на надворешни компресори и дополнително со садови со компримиран воздух.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: