На воената парада во Атина забранета паролата “Македонија е грчка“ 

За разлика од другите години кога војниците маршираа со слоганот “Македонија е грчка“, годинава и покрај тоа што традиционално Денот на независноста на Грција, 25 март ќе биде одбележан со воена парада во Атина, нема да смеат да го употребат овој слоган.
Откако на вчерашната студентска парада, која и претходи на воената, беше забрането да се изведува националистичкиот марш „Славна Македонија“коментарот на грчките медиуми гласеше “Македонија молчи“. Според протоколот ваква одлука донеле Општината и општинскиот регион Атина.
Грција ги презема сите мерки да не се случи некаков инцидент на популарниот “Охи Ден“,  кој обично во минатото го правеа специјалните поморски сили – „жабите“, извикувајќи погрдни пароли против Македонци или Албанци, без притоа да се применат санкции против инцидентите.
Сега, по потпишувањето на Преспанскиот договор, воениот врв најавува дека ќе бидат санкционирани какви било инциденти, а е испратена и наредба со која се забрануваат секакви пароли.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.