Бројката од годишната прогноза за потребите за домување објавена во четвртокот е помала од проценките на повеќето водечки институти. ББСР подготвува извештај за Министерството за градежништво, јавува ДПА.
Владата во заминување вети во својата програма за крајот на 2021 година дека ќе гради 400.000 станови годишно, но секоја година во голема мера ја промашува целта.
Според податоците на ББСР, во 2023 година биле завршени 294.400 станови, од кои 90 отсто биле во нова градба.
Покрај тоа, потребата за домување варира во голема мера во различни региони. Тесните грла се особено изразени во големите градови, каде што дефицитот ги зголемува трошоците за изградба и изнајмување.
Така, само во седум германски метрополи – Берлин, Минхен, Хамбург, Франкфурт, Штутгарт, Келн и Дизелдорф – годишно се потребни околу 60.000 нови станови.
Од друга страна, побарувачката опаѓа во периферните области.
Прогнозата за потребите за домување на Германија го опфаќа периодот од 2023 до 2030 година.