На ГП Богородица запленет златен накит во вредност од 4 МИЛИОНИ денари

Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари се запленети од страна на царинските службеници при влез на граничниот премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари, соопштија од Царинската управа на Македонија.

– Златото е откриено при личен претрес на еден патник кој се обидел накитот да го скрие во внатрешниот дел на панталоните и долната облека коишто ги носел на себе. Истото било спакувано во четири ќеси во коишто имало 60 ланчиња, 13 прстени, 128 обетки и 48 нараквици.

Златото ќе биде предадено во Народна банка, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава. – велат од Царина.

Директорот на Царинската управа, Стеан Богоев. на Фејсбук напиша дека се надева дека новото раокводство на Царина ќе продолжи да оди по тој пат.

– Се надевам дека и идното раководство на Царина ќе продолжи по овој пат.

Честитки до колегите од ГП Богородица – напиша Богоев на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: