сабота, 28 ноември 2026
Најново

На граничниот премин “Меџитлија“ уапсени четири лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Откако се обиделе илегално да преминат  во Грција на граничниот премин “Меџитлија“ се уапсени четири лица.
– Вчера во 11.15 часот во село Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор “Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција – информираат од МВР.
По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Македонија на Граничниот премин “Табановце“. Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.

Поврзани вести