Поминаа петнаесет години од трагедијата во која загинаа 15 бугарски туристи при потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.
Несреќата се случи на 5. септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец.
Благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот, Сотир Филески и присебноста на посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ и други храбри граѓани беа спасени 38 туристи од Бугарија и туристички водич од Охрид.
По неколкумесечна истрага Основниот суд во Охрид подигна обвинение за предизвикување тешки дела по безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, против капетанот на бродот „Илинден“ Сотир Филески и овластениот претставник на германски Лојд, Бранко Баиќ , кој го извршил техничкиот преглед на пловилото.
Олеснителна околност за Филески беше барањето на застапникот на бугарските државјани кои ја преживеаја несреќата за изрекување алтернативна, а не ефективна законска мерка за капетанот, со образложение дека сторил се што е во негова можност за да спаси што поголем број патници во критичниот момент, при што го жртвувал и сопствениот живот.
И двајцата беа прогласени за виновни и им беше изречена казна затвор од по една година.
Причина за несреќата според вештачењето бил дефект на системот за управување на бродот на кој имало повеќе патници од максимално дозволениот.