И додека повеќето славни дами на доделувањето на Оскарите се појавија во креации од најновите колекции на дизајнерските куќи, актерката Елизабет Бенкс носеше тоалета која ја пронашла во својот ормар.
Имено, таа на забавата се појави во раскошен црвен фустан кој веќе го носеше на доделувањето на Оскарите во 2004-та година.
Освен што и понатаму е во одлична форма, многумина коментирале дека актерката воопшто не се променила од пред 16 години кога првпат премиерно ја облече оваа тоалета.
Во 2004-та година ја надополнила со гламурозни висечки обетки и пунџа, додека вчеравечер, ја пуштила косата и оставила многу посилен впечаток од дамите во најновите креации.