По самоубиствените бомбашки напади од страна на милитантната група Исламска држава во кои загинаа најмалку 250 луѓе, а стотици беа повредени властите во Шри Ланка им забранија на жените да го покриваат лицето во јавност.
Со закон за вонредни состојби е воведена мерката, која од денес стапува на сила. Ниџабот и бурката, кои ги носат муслиманските жени со цел да го покријат нивното лице не се конкретно спомнати во наредбата на претседателот, соопшти неговиот кабинетот. Хјумант Рајтс Воч ја осуди забраната.