На жените ова им се случува само во есен

Во ова време од годината лисјата можеби паѓаат, но вашето либидо расте. Есента е годишно време кога нивотот на тестостеронот расте, покажале истражувањата. Порастот на хормони кои се однесуваат на сексуалната желба се однесуваат и на жените.
Научниците се уште не откриле која е причината за тоа. Некои сметаат дека телото во есен произведува повеќе тестостерон бидејќи нивото на дневна светлина се намалува, а други сметаат дека е во прашање инстинктивно однесување кое сме го наследиле од нашите дамнешни предоци. Без оглед на причините, фактот е дека и во ова годишно време се почесто остануваме во кревет, па едно води кон друго.


Фасцинантен е и податокот дека благодарение на зголеменото производство на тие хормони, во ова време на годината жените имаат пообемени колкови во однос на било кое друго време во годината. Тоа го покажало истражувањето на Универзитетот Сајмон Фрејзер во САД. Изненадувачко е и истражувањето кое го спровел магазинот „Perception”, кое вели дека мажите сметаат дека жените се привлечни и во студените месеци.
Една од причините зошто женските тела се сексапилни кога ќе застуди лежи во фактот дека мажите се под влијание на тестостеронот, а другата причина е тоа што во лето често се опкружени со глетки на разголени тела, па во есен и зима полесно ги воочуваат.
Миристе во есен исто така влијаат на сексуалната желба. Ален Хирш, лекар и директор на Институтот за истражување на мирис и вкус, тврди дека мирисите во есен, а особено храната која во ова време од годината ја подготвуваме во своите домови, кај мажите предизвикува силни асоцијации на дом, тие стануваа носталгични, опуштени, а со тоа и подготвени за разменување на нежности.
За студените вечери, близината на партнерот покрај камин или телевизор не е ништо необично. На Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг ја проучиле и таа ситуација, па врз основа на истражувањата заклучиле како чувството дека ви е студено ја поттикнува желбата за било каков извор на топлина. Чувствата помеѓу партнерите, без разлика дали ја делат постелата или шолја топло чоколадо се испреплетуваат. Кога ќе се згрееме, стануваме поемотивни. Резултатот е романтика во студените ноќни часови.


Едно истражување на социјалните мрежи и статуси кои ги споделуваме на нив откриле дека во есен расте бројот на оние кои означуваат дека се во врска. Во летните месеци корисниците во се поголем број означувале дека повторно се слободни, што значи дека ги прекинувале романтичните врски во кои биле претходно.
Треба да се додаде дека есента е идеално време за правење на деца. Статистички гледано, најмногу деца се раѓаат 9 месеци подоцна, а причината за тоа лежи во фактот дека мажите поради големите жештини во лето произведуваат помалку сперма во однос на другите месеци во годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.