На здравје тоталитаризам, пишува Каракамишева

Со лажни сведоштва и изјави кои редовно се пренесуваат во провладините медиуми поврзани со предметите за екс функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и настаните од 27 април власта се обидува да направи дефокус на јавноста од клучните случувања, вели професорката Тања Каракамишева.
Со замена на постојните обвинители со нови специјални под целосна контрола на власта, состојба во чиј прилог оди и прислушкувањето на обвинителите од ОЈО, се реализира идејата која уште претходно ја смисли Фрчковски, дополнува таа. Според неа, истото ќе се случи и со судиите, по што ќе следува тотална партизација на правосудството кое ќе биде под целосна контрола на СДСМ и ДУИ.
-Додека се занимаваме со изјави на Нинџи и други пробисветови, Министерството за правда бутка нов закон за СЈО. Под притисок на СЈО чиј мандат истекува во 2019 година се реализира идејата на Фрчкоски постојните обвинители да се заменат со специјални кои ќе бидат под целосно нивна контрола.
Исто ќе биде и со судиите.
Во специјалните одделенија на судовите место ќе има само за СДС и ДУИ судии!
На здравје тоталитаризам, вели Каракамишева.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.