На конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш, што оваа година ќе се одржи по 41.пат, под покровителство и финансиска поддршка од Општина Аеродром и Град Скопје се избрани дваесет коњаници. Денес Општина Аеродром соопшти дека коњаниците наскоро ќе почнат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар. Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче “Илинденски марш 1978“.
Коњаничкиот марш, како и секоја година, ќе почне на 27 јули од Општина Аеродром, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.