Латино дивата често објавува фотографии од своето извајано тело на социјалните мрежи, но во реалноста работите не изгледаат баш така.
Џенифер Лопез сликана е на плажа во текот на романтичниот одмор на Бахамите, каде ја запроси нејзиното момче Алекс Родригез.
После овие фотографии на Џеј Ло во костим за капење, многумина заклучиле дека таа всушност своите фотографии ги разубавува за потребите на Инстаграм.
Неоспорно е дека таа изгледа и вака извонредно, со оглед на тоа дека има 49 години, но факт е дека стомачните мускули не се така видливи како што таа ги претставува.