четврток, 26 ноември 2026
Најново

На Инфективна 34 пациенти со морбили, двајца во критична состојба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во петокот тринаесет пациенти со морбили се прегледани од кои седум се задржани за болничко лекување. Од вкупно 34 пациенти хоспитализирани на Клиниката (16 деца и 18 возрасни), две деца и двајца возрасни се со потешка клиничка слика, информираа вчера од Универзитетската клиника за инфективни болести.
Од седумината новозаболени, две се деца на возраст од шест месеци од Куманово и едно дете е на возраст од една година од Сарај, кои не биле вакцинирани, а четворица се возрасни од Сарај (невакциниран), Карпош, Студеничани и од скопското село Паничари, за кои нема податоци за примени вакцини.
Од Клиниката посочуваат дека амбулантски се прегледани уште шест пациенти меѓу кои едно четиримесечно бебе од Тетово, кое не било вакцинирано, едно тригодишно дете од Сарај и едногодишно дете од Зелениково, двете вакцинирани, како и двајца возрасни од Скопје кои биле вакцинирани и еден возрасен од Гостивар, кој не бил вакциниран.

Поврзани вести