На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 580 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 580 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 99 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 70 во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 52 пациент, во Кочани 23 во Кичево 10, Кавадарци 26, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 971 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.