На која дрога сте вие Фрчковски?

Денешната изјава на телевизија Телма на професорот Фрчкоски е следната: Власта изборите би ги добила глатко, а ВМРО-ДПМНЕ ќе паднат и под сегашната граница. Да ве информирам директно Фрчковски: Народот ја бојкотираше власта и нејзината ароганција и референдумот пропадна. Како тоа мислиш дека би ги добила изборите глатко? Кој ќе гласа за Заев после видеото „ај да глумиме успех“? Она видео од денеска каде што пратениците се повеќе од скиснати ама се договараат на вклучен микрофон да глумат насмеани. Комедија. Монти Пајтон.
Овој резултат носи товар кон власта, а му даде крилја на народот или тивкото мнозинство. Референдумот е консултативен и сега треба да се гледаат политичките импликации – вели Фрчковски. ВМРО-ДПМНЕ или ќе се согласи на уставни измени или Мицкоски ќе оди на избори за што чуствува притисок и од бојкотирачитe, смета Фрчкоски.
Резултатот не не изненади сите и не може тоа да се оцени како 1,2 милиони гласови против Договорот со нерационалните ставови на опозицијата која сака некој друг да и го реши проблемот… Ова беа според мене неусшени обиди на Фрчковски да рационализира и да го оправдува потопот. Како што може да се види власта е денеска во паника и се обидува на секаков можен начин да го претстави поразот како победа. Но народот гледа. Поточно гледа СЕИР. И ќе казнува. Ќе менува. Ќе отфрла корумпирани политички елити, како вас и слични на вас господине Фрчковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.