На Криволак почнува “Одлучен удар“, најголемата вежба досега

Од денес до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката “Криволак“ околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата ќе ја одржат теренската вежба “Одлучен удар“, најголемата вежба која досега се одржала во нашата земја.
Армијата на Северна Македонија и војската на САД ќе учествуваат со по 1.300 војници, Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети, и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјални операции на партнерските земји.
Со свое обраќање, вежбата ќе ја отвори заменик министерот за одбрана, Беким Максути, а најавено е присуство и на заменик министерот на Литванија, Витаутас Умбрасас, вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Микаела Швајцер-Блум, командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор, Павле Арсоски, како и претставници на одбранбено дипломатскиот кор од земјите кои учествуваат на вежбата во Република Северна Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.