понеделник, 16 ноември 2026
Најново

На Крим е прогласена вонредна состојба откако излеана нафта стигна до бреговите на Севастопол

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На Крим денеска е прогласена вонредна состојба поради загадувањето со нафта на плажите кај Севастопол, најголемиот град на полуостровот.Нафтата се излеа од два танкери погодени од невремето пред речиси три недели во Керчкиот теснец, на околу 250 километри од Севастопол, кој се наоѓа на југозападниот дел на полуостровот.„Денес во Севастопол беше прогласена регионална вонредна состојба“, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Михаил Развожаев.Тој додаде дека нафта имало на четири плажи во регионот и дека локалните власти и волонтерите „веднаш ја отстраниле“.„Да нагласам – нема масовно загадување на брегот во Севастопол“, напиша тој.Керчкиот теснец, кој го дели полуостровот Крим од рускиот регион Краснодар, е важна глобална поморска рута, која минува од Азовското Море до Црното Море.

Поврзани вести