На Крстовден почнува берба на јаболката

Во рамките на 18-тата по ред манифестација „Преспански јаболкобер“ која започна во вторникот денес со симболично откинување на првото јаболко официјално почнува годинашната берба на преспанското јаболко. На почетокот на бербата, што традиционално почнува на големиот христијански празник Крстовден, ќе присуствува градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.
Во рамки на манифестацијата на градскиот плоштад „Цар Самоил“ ќе се одржи ликовна работилница насловена „Јаболко на хартија“ и саем на земјоделска механизација, а во општината ќе има трибина „Предизвици и придобивки од Европската Унија ориентирано кон земјоделство“. Настап ќе имаат учесниците на детскиот фестивал „Си – до“ и групата „Охридска чалгија“, а вечерната забавата ќе им биде препуштена на „Бени и Нон стоп“ и „Црвена јабука“.
Годинашниот, 18-ти „Преспански јаболкобер“ почна во вторникот со манифестацијата „Тринаесет песни за тринаесет Величествени“, а изминатите два дена публиката во Ресен имаше можност да проследи повеќе културни и забавни настани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.