„Во Република Северна Македонија се основа Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал со седиште во Скопје“, пишува во амандманот 7 со кој се бара СЈО да стане одделение во ОЈО, а поднесен од страна на партијата на Мицковски.
ВМРО-ДПМНЕ ги поднеле амандманите со придавката „северна“, наместо со старото име. Можеле да напишат едноставно РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, и да покажат несогласување со состојбата, но не го ориле тоа… „Тие секако можат да пратат амандмани до Собранието со Република Македонија. Ако тој амандман се прифати и има забелешки за употребата на името, да се измени“, велат собраниските извори.
Мицковски во неговите настапи, не го користи новото име. Во телевизиско интервју, кога премиерот Зоран Заев го употребуваше новото уставно име, да речеме, лицемерно, го поправаше, истакнувајќи дека името на државата е Република Македонија. Дури за да докаже дека се противи на придавката „северна“ и дека нема да дозволи употреба на уставното име, Мицкоски на Заев му подари и беџ со името Република Македонија. Еден вистински шоу со примеси на циркус…
Се поставува прашањето и тоа логички, кого лаже Мицковски? Членовите на партијата? Јавноста? Оти подолго време, слично ко Заев, тој едно зборува, друго прави, трето договара… Тоа ли е рецептот за зрел политичар како што самиот за себе говореше?