На Лукас МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР Еве какви прекршоци направил на пат кон Копаоник, кај сопатникот е пронајдена МАРИХУАНА

Аца Лукас вчера е приведен на пат кон Копаоник, поради што му е одреден притвор до 12 часа, кој истекол и во меѓувреме бил пуштен на слобода.

Имено, Лукас бил сопрен од сообраќајната полиција на бензинската пумпа на влезот во Брус и по тестот кој покажал дека е позитивен на наркотици и вози без возачка дозвола, бил приведен во полициска станица.

Француското обвинителство бара казна затвор од пет години за Ле Пен, таа обвинува дека сакаат да ја згаснат партијата
На судењето на француската политичарка Марин Ле Пен, обвинета за наводно воспоставување „организиран систем“ за пренасочување на јавните средства на штета на Европскиот парламент, обвинителството побара казна од пет …
Македонија гласаше против Резолуцијата за борба против глорификација на фашизмот и нацизмот
Македонија гласаше против Резолуцијата за борба против глорификација на фашизмот и нацизмот, објави Левица.– Владата се промени, вазалски пристап во надворешната политика останува. Македонија е целосно подредена на западните …

Неговиот настап на Копаоник беше откажан поради споменатата причина.

Пејачката се товари по две точки, и тоа возење без возачка дозвола и под дејство на недозволени супстанци.

Како што неофицијално дознаваме од полицијата, овој прекршок се смета за тежок сообраќаен прекршок, со казна до 120.000 динари или 60 дена затвор.

Во случај да го повтори ова дело, судијата може да му одреди само притвор без можност за паричен надоместок.

Ако имаше трет прекршок, тогаш пејачот ќе беше обвинет за насилничко однесување, што е многу потешко кривично дело и во тој случај ќе претрпе многу потешки последици.

Двајца момци биле со пејачот во автомобилот, едниот имал 2 грама марихуана, а кај Лукас и другиот не било пронајдено ништо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.