Седум месеци откако подвижната лабораторија Curiosity на американската агенција за вселенски истражувања NASA атерираше на Марс за да одговори на прашањето на дали на Црвената планета има состојки коишто може да овозможат живот, научниците добија потврден одговор.Анализата на примероците добиени со дупчење на внатрешноста на карпа на Марс, којашто некогаш била натопена во вода, на местото на слетувањето на роверот Curiosity во кратерот Гејл, покажуваат дека карпата се состои од глина, сулфати и други минирали кои се клучни за живот, соопштија експертите на NASA во седиштето на агенциајта во Вашингтон во средата.Водата којашто некогаш течела низ тоа подрачје познато како Заливот Јелоунајф веројатно била питка, вели водителот на научниот тим Џон Гротцингер од Калифорнискиот институт за технологија.Анализата, сепак, не довела до потврдата на клучното прашање, односно постоењето на органски материи кои се основа на животот како оној на Земјата. Меѓутоа, со уште 17-те месеци колку ќе трае уште мисијата на Curiosity, научниците велат дека очекуваат дека ќе можат да „нурнат“ подлабоко во тоа прашање.Во овој момент научните операции привремено се прекинати поради проблемите со компјутерите кои ќе бидат решени до крајот на седмицата.Без оглед на тоа дали има живот на Марс и дали некогаш го имало, Црвената планета најмалку еднаш имала на својата површина органски состојки кои пристигнале преку комети или астероиди богати со органски состојки. Пронаоѓањето на тие локации на коишто органските материјали би можеле да се зачуваат е понеизвесно до пронаоѓањето на областите погодни за настанување и хемијата потребна за одржување на животот, велат научниците.Во мај, по едномесечниот прекин на радио врските поради положбата на Земјата и Марс, научниците планираат да издупчат втора дупка во карпата во кратерот на Гејл за да бараат органски состојки.„Доколку таму имало органски материјал, би можел да биде зачуван“, вели Дејвид Блејк, водител на истражувањето за хемија и минерологија на мисијата Curiosity.Недостасувањето на органските материи не може да се исклучи дека областа на Заливот Јелоунајф е погодна за живот, велат научниците. „Не мора да имате јаглерод во геолошката област која е погодна за населување за да би постоел метаболизам на микробите“, вели Гротцингер.Некои микроорганизми на Земјата, на пример можат да се хранат со аноргански состојки, како оние пронајдени во карпите „Некаде мора да постои извор на јаглерод, но ако станува збор само за јаглерод диоксид, можете да имате хемоавтотрофни огранизми коишто буквално ги јадат карпите и метаболизираат и создаваат органски состојки базирани на јаглерод“, додава Гротцингер.Анализите покажуваат дека карпите во кратерот Гејл содржат јаглерод диоксид во додатокот на водород, кислород, фосфор, сумпор и азот. Јаглерод диоксидот ја обезбедува клучната состојка во создавањето на основите за живот кои се сите пронајдени во примерот од карпата на Марс, вели уште Гротцингер.Роверот Curiosity слета на Марс во огромниот кратер Гејл на 6-ти август 2012 година во близина на екваторот на оваа планета. Научниците ја одбраа оваа област поради планината од седиментни наслаги висока пет километри наречена Маунт Шарп која се издигнува од дното на кратерот. Меѓутоа, набргу по слетувањето на роботизираната лабораторија, екипата научници одлучи прво да ја истражува областа на Заливот Јелоунајф поради назнаките дека низ неа можеби течела вода и се собирала на површината.Тоа претчувство е потврдено со првата хемиска анализа на материјалот издупчен од внатрешноста на карпата. Научниците не знаат колку е стара карпата, ниту како таа е формирана. Се сомневаат дека е стара најмалку три милијарди години и дека минала доволно време во незакиселена и не премногу солена вода за да би се формирале глината и минералите.„Таа карпа, искрено кажано, изгледа како типична којашто би сме ја добиле на Земјата. Клучната работа тука е што станува збор за околината во којашто микробите можеле да живеат, а можеби дури и да напредуваат“, вело Гротцингер.Условите кои се благопријатни за живот во Заливот Јелоунајф изгледа дека грубо се совпаѓаат со условите кои владееле во времето на првиот доказ за постоење на животот на Земјата, односно в периодот од неколку стотини милиони години од тој доказ.На Земјата пронаоѓањето на органски материи во многу многу старите карпи е тежок потфат, вели Пол Мејхејфи, одговорен за анализата на примероците што ги собира Curiosity.Пронаоѓањето на органските материи на Марс може да претставува дури и поголем предизвик. Без заштитата која ја дава атмосферата, ултравиолетовото и космичкото зрачење може да ги уништи таквите материи. Марс, исто така, очигледно е прекриен со перхлорати кои ги разградуваат органските материи.„Потрагата по органски јаглерод е едно од клучните прашања за оваа мисија и тоа сакате да го сторите што е можно повеќе насочено. Не сакате само да талкате наоколу и да испробувате“, вели уште Гротцингер.„Мислам дека мисијата е способна тоа да го стори и возбудени смет да започнеме со тоа“, најавува Гротцингер.
МакфаксСедум месеци откако подвижната лабораторија Curiosity на американската агенција за вселенски истражувања NASA ат