На Меркел и се слоши и се тресеше на пречекот на украинскиот претседател (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел доживеа непријатност на церемонијата за пречек на новиот украински претседател Владимир Зеленски во Берлин. И покрај тоа што и се слоши и почна да се тресе, германската канцеларка не сакаше да го прекине интонирањето на химните. Потоа набрзина го помина црвениот килим, ги поздрави гардата и оркестарот и влезе во зградата.
– Oттогаш испив барем три чаши вода, кои очигледно ми беа потребени и сега сум многу добро, изјави Меркел.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.