На мечот од пионерската лига помеѓу “Њу Старс“ и “Вардар“ за влакно била избегната трагедија

Како што јавија домашните медиуми, вчера на мечот од пионерската лига помеѓу “Њу Старс“ и “Вардар“ за влакно била избегната трагедија. По еден остар старт, голманот на “Вардар“, Кристијан Китановски загубил свест и се струполил на теренот.
Благодарение на брзата и присебна реакција на докторот на “Њу Старс“, тој бил вратен во живот и итно пренесен во болница од каде по детални прегледи е пуштен на домашно лекување.
Докторот, херој кој го спасил младото момче е Јордан Манасиевски, специалист кардиолог кој работи како клупски доктор во “Њу СтарсЊ, јавува “Спортклуб.мк“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.