„На НАТО му треба повеќе оружје“, изјави Марк Руте, генералниот секретар на НАТО

„Потребни се дополнителни производствени линии, дополнителни работни смени, повеќе муниција, повеќе Леопард 2 тенкови, повеќе борбени авиони Ф-35 и повеќе оружје, на териториите на НАТО, од Америка до Туркије“, рече генералниот секретар на НАТО Руте.Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е потребно повеќе оружје на целата територија на НАТО, од САД до Туркије, известува Анадолу.Генералниот секретар на НАТО Руте ја оцени руско-украинската војна и трошоците за одбраната на членките на НАТО во неговата изјава за весникот ‘Билд ам Зонтаг’.Руте рече дека се потребни повеќе пари и поголемо индустриско производство за да се одврати рускиот претседател Владимир Путин од напад врз териториите на НАТО, потенцирајќи:„Потребни се дополнителни производствени линии, дополнителни работни смени, повеќе муниција, повеќе Леопард 2 тенкови, повеќе борбени авиони Ф-35 и повеќе оружје, на сите територии на НАТО, од Америка до Туркије. Тогаш никогаш нема да се осмели да нѐ нападне“.Запрашан дали Русија е во позиција да го нападне НАТО, Руте одговори:„Путин не треба да размислува за тоа во ниту еден момент. Тоа би предизвикало катастрофални последици за него. Во моментов државата троши 40 % од својот буџет за одбрана, што е еквивалентно на 10 % од националниот приход на Русија. Ние не треба да трошиме толку, но потребни се многу повеќе од 2 %.“Во врска со барањето на американскиот претседател Доналд Трамп европските членки на НАТО да издвојуваат 5 % од својот бруто-домашен производ за вооружување, Руте го даде следниот коментар:„Трамп генерално е во право што го упати тој повик за време на неговиот последен мандат Ние инвестиравме повеќе поради оваа иницијатива. Канада и европските партнери потрошика повеќе од 600 милијарди долари за одбрана од 2014 година досега. Повеќе од две третини од партнерите во НАТО сега трошат повеќе од 2 % и тоа повторно благодарение на Трамп, но треба да инвестираме уште повеќе, а нашите сојузници ќе одлучат како ќе го измериме тоа во наредните месеци. Но можам да ве уверам во едно, ќе биде многу, многу, многу повеќе од 2 %.“– „Да се биде подготвен е најдобриот начин да се избегне војната“Руте рече дека Германија може да направи многу повеќе во производството на оружје и муниција, особено со оглед на големината на германската економија и истакна дека Германија треба да ги зголеми трошоците за одбрана.Потенцирајќи дека за зголемувањето на трошоците за одбрана ќе се разговара во многу европски земји во следните месеци, Руте додаде:„Ќе зборувам многу отворено. Мора да бидеме подготвени за војна. Тоа е најдобриот начин да се избегне војна“.

Пронајдете не на следниве мрежи: