На Неврологија докторка и болничарка заразени со морбили – едно дете на апарати за дишење

Пред два дена докторка и болничарка од Клиниката за неврологија заболеле од морбили, дознава ТВ НОВА. Најверојатно двете вработени  се заразиле од пациентка која пред две седмици била хоспитализирана поради слабост во нозете. На сите вработени на Неврологија утринава им била земена крв за анализа за да се утврдат антителата во крвта, по што тие што немаат примено вакцина ќе се вакцинираат, потврдил за ТВ НОВА директорот Иван Барбов.
– Веднаш штом се утврди дека се работи за морбили пациентката беше изолирана, а кога се утврди дека симптомите се од морбилите и состојбата се подобри, беше испишана од клиниката. Ние веднаш ја известивме градинката и Институтот за јавно здравје. Во меѓувреме, се разболеа двете вработени“, изјави тој.
На Клиниката за неврологија се хоспитализирани тешко болни пациенти, најчесто со мозочни удари за кои евентуалната зараза со морбили може да биде фатална.
Четворица заболени од медицинскиот персонал во моментов има и на Клиниката за детски болести , а хоспитализирани се десет деца со морбили. Едно од нив е во тешка состојба и е приклучено на респиратор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.