На некогаш најскапиот фудбалер на светот му се заканува ненадеен и срамен крај на кариерата !?

Италијанските спортски обвинители побараа четиригодишна забрана за игра за францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, кој беше обвинет за допинг, објавија италијанските медиуми во четвртокот.

ИГРИ СО СТАТИСТИКИТЕ: Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
За 550 денари се зголемила просечната плата во октомври во однос на септември. Статистиката пресмета дека вработените во просек земаат нешто над 42.000 денари плата. Оваа сума е за 2,300 денари повисока од октомвриската …
На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик
За првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука – рече Весна Мојсова-Чепишевска.„Секоја граница е тешко да се помине. …

Пол Погба беше суспендиран во септември, откако на тестот на италијанската национална анти-допинг организација излезе позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста кај спортистите, а тестот беше спроведен на 20. август по победата на Јувентус од 3:0 на отворањето на сезоната во Серија А против Удинезе.

Неговиот позитивен допинг тест беше потврден во контра-анализа на друг примерок во октомври. Доколку судот го прифати барањето на обвинителот, тоа може да значи и крај на кариерата на некогаш најскапиот фудбалер на светот, кој сега има 31 година.

Да потсетиме, Пол Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра обештетување, што беше најголемиот трансфер во фудбалската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: