Вистинскиот момент е клучен за секоја добра фотографија, а понекогаш доволно е само да си поиграте со перспективата од која што може да се создаде некој забавен резултат.
На оваа фотографија која што ќе ви ја претставиме денеска, многумина од луѓето кои што ја виделе си помислиле дека е претставен компир покрај шрафот кој се наоѓа од левата страна.
Меѓутоа, доколку погледнете малку подобро, ќе воочите дека станува збор за кикирика која што изгледа 1.000 пати поголема отколку што всушност е поради тоа што стои покрај шраф од мобилен телефон којшто е минијатурен, т.е. многу помал од кикириката.
Кога сме веќе кај перспективите, еве ви уште еден интересен пример:
Оваа застрашувачка богомолка е толку многу „голема“ што може „да го изеде сообраќајниот знак“.
Всушност, станува збор за тоа што таа е фотографирана на шофершајбната од автомобилот.