На овој студ боса и во папучи, и тоа е Карлеуша

По огромниот успех на првото доделување на МАС наградите Јелена Карлеуша го продолжува работното темпо, па иако за неа во необично издание замина во Австрија, открива српски “Курир“.

Облечена во црни панталони искинати на колениците, со црна ролка, а врз нив долг капут. Тоа што не дозволи да остане незабележана е што е боса и во папучи, среде зима.

Погледот го крие под капата и зад очилата за сонце. Низ аеродромската зграда додека ги завршува задолжителните формалности со брзи чекори поминува покрај фоторепортерот. Тој и понатаму не го трга погледот од неа, а Карлеуша заминува на настап во Австрија, јавува изворот.

По се што и се случуваше во изминатиов месец и во овој за неа драматичен период огромна поддршка има од семејството, пријателите и бројни колеги, што секако многу и значи и и дава сила да издржи и да продолжи понатаму како ништо да не се случило.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.